Достапни линкови

Завршни зборови за „Рекет“: Каде е чантата „Луј Витон“?


Обвинителката Вилма Русковска во Суд за случајот „Рекет“

На продолжението од денешното рочиште за случајот „Рекет“, во кој се изнесуваа завршните зборорови, беше прикажана фотографија од чантата „Луј Витон” во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, на што одбраната реагираше дека јавниот обвинител во завршни зборови пробува на мала врата да доставува доказ.

Адвокатот на Боки 13, Саша Дукоски, пред новинарите по завршување на денешното рочиште, рече дека е незаконски да се вадат само извадоци од 21 февруари, а не од 22 февруари, кога обвинетиот Бојан тврди дека е вратена чантата Луј Витон во куќата на сведокот Јордан Камчев. Оваа реакција ја прифати и Судот, односно обвинителката Вилма Рускоска, истакна дека овој материјал не треба да се земе како доказ. Целта на прикажување на овој доказ според обвинителката Рускоска, е да се докаже дека не е точно тврдењето на обвинетиот Бојан Јовановски, дека со веќе осудениот Зоран Милевски, на 21 или 22 февруари 2019, торбата Луј Витон ја враќа во куќата на сведокот Јордан Камчев.

„Тие заедно доаѓаат во куќата на Јордан Камчев, и сега осудениот Зоран Милевски, носи црна чанта, со големи рачки, која и по изглед и поголемина многу се разликува од торбата Луј Витон. По повторно прегледување на сите снимики на 22 и 23 февруари ниту Зоран Милевски, ниту Бојан Јовановски одат во домот на Јордан Камчев. Оваа е сигурно. Не може одбраната да негира нешто што е извештачено. До фотографијата имаше вештачење од точна локација каде е направена фотографијата“, изјави Рускоска.

Од друга страна адвокатот Дељо Кадиев, кој ја брани обвинетата Катица Јанева, нагласи дека нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението.

„Не браниме ништо што не е одбранливо. Нема ниту еден доказ со што се потврдува било што во обвинението“, истакна Кадиев и посочи дека многу повеќе ќе образложат при изнесувањето на завршните зборови.

Претходно, обвинителката Русковска пред Судот рече дека од одбраната на Јанева се гледа дека „таа е се уште во филот Чарлиевите ангели“, како и дека во врска со Бојан Јовановски „нема дилеми дека Ана Камчева и нејзниот сопруг Орце Камчев му дале 1,5 милиони евра за да биде ослободен од случајот „Империја“.

XS
SM
MD
LG