Достапни линкови

Забрана за влез на товарни возила во Грција поради очекувано невреме


Илустрација

Од утрово од пет часот почна забраната за влез на товарни возила во Грција. Забраната ќе трае до утре на полноќ, но има можност и за продолжување.

Министерството за внатрешни работи добило информации од грчките погранични служби дека забраната за влез на камиони е воведена на граничните премини „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“, со можност за нејзино продолжување.

Како што е наведено во известувањето од грчките служби, причина за забраната е најавата за лоши временски услови во споменатиот период, со можност за невреме проследено со обилни врнежи на снег.

XS
SM
MD
LG