Достапни линкови

ЕУ да развива свои системи на оружје, предложи Меркел


Во традиционалното неделно обраќање до нацијата, а овој пат и по повод 64-годишнината од основањето на германскиот Бундесвер, германската канцеларка Ангела Меркел ги повика државите во Европа да развиваат нови системи за вооружување, вклучувајќи и авиони и тенкови, пренесе ДПА.

„Во иднина заедно ќе развиваме системи на оружје, вклучувајќи и борбени авиони и тенкови. Германија и Франција во таа смисла се на самиот врв“, рече Меркел во говорот по повод годишнината од основањето на вооружените сили на Сојузна република Германија.

Таа додаде дека судирот во Украина и анексијата на Крим уште едаш го актуелизирале прашањето за одбрана и внатрешната соработка на воените сојузи, особено во НАТО.

XS
SM
MD
LG