Достапни линкови

Еколошки час во скопското ОУ „Браќа Миладиновци“


Со одржување еколошки час денеска во скопското ООУ „Браќа Миладиновци“ беше одбележана Европската недела на мобилност, соопшти Општина Аеродром.

Оттаму информираа дека учениците од петто одделение се запознаа со целите и придобивките на одржливиот транспорт, а пред сè, од возењето велосипед и пешачењето.

Европската недела на мобилност, која трае од 16 до 22 септември, се одржува под мотото „Пешачи со нас“. Целта е да се промовираат придобивките од безбедно одење и велосипедизам, како и да се спроведат мерки за подигнување на безбедноста кај најмладите.

Во рамките на оваа европска иницијатива, утре, петок, дечињата од детската градинка „Срничка“ ќе пешачат по кејот на реката Вардар, при што ќе се едуцираат за придобивките од пешачењето, информира Општина Аеродром.

XS
SM
MD
LG