Достапни линкови

Европа се загрева, не излегувајте


Во Европа станува се пожешко. Оваа недела топли ветришта од пустината Сахара се очекува ја подигнат температурата до 40 целзиусови степени. Во Париз властите издадоа портокалов аларм, втор највисок, за да ги предупредат луѓето од жештината.

Француската метеоролошка агенција предвидува температури до 40 степени во целата земја.

Ваквите невообичаени температури ќе бидат особено почувствувани во Париз, каде што повеќето домови изгради не се климатизирани.

Европа не е навикната на горештини
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Градоначалничката на Париз Ани Идалго оцени дека ваквите топлотни бранови зачестиле и оти тоа ќе се интензивира во наредните години:

„Знаеме многу добро дека во град направен од камен, како што е Париз, човечкиот живот ќе биде многу, многу тежок“.

Во 2003 година топлотниот бран во Европа резултираше со околу 15.000 смртни случаи само во Франција.

И во Германија неделава се очекува паѓање на топлотниот рекорд.

Тој досега изнесуваше 38,2 степени и беше измерен во Франкфурт во 1947 година.

Сега болниците се подготвуваат за прилив на луѓе кои тешко се справуваат со жештините.

Симон Трах, специјалист за итни случаи од Берлин вели дека во Европа луѓето едноставно не се навикнати на вакви температури.

„Општо земено, температурите од 39 степени како што се очекуваат, во Централна Европа и Германија се многу ретки. Тоа значи дека никој не е навистина навикнат на ова“.

Тој додава дека постојат неколку работи што луѓето можат да ги направат за да ги минимизираат ризиците по здравјето.

Најважно е да се остане надвор од сонцето во текот на денот.

„Првото нешто што треба да го направите е да го минимизирате влијанието на топлината.Тоа значи дека физичките активности треба да се прават рано наутро или доцна во вечерните часови. Од 11 до 15 часот, кога сонцето е на врвот, луѓето не треба да бидат надвор. Тоа е најлошиот дел од денот“.

Според Трах, втората најважна работа е да се пијат многу течности.

Се очекува високите температури да траат до следната недела.

XS
SM
MD
LG