Настаните на денот низ фотографии - 8 јануари 2020 година.
Евра, избори и напади

1
МАКЕДОНИЈА - Државната изборна комисија (ДИК) планира за изборните активности за претстојните предвремени парламентарни избори да потроши 571 милион и 500 илјади денари. Од нив, најголем дел, околу 400 милиони денари или шест и пол милиони евра се планира да се потрошат за финасирање на медиумската кампања на политичките партии кои ќе учествуваат на парламентарните избори.

2
МАКЕДОНИЈА - Советникот за надворешна политика на премиерот и кандидат за амбасадор на Северна Македонија во НАТО Дане Талески вели дека на иранскиот напад врз две бази во Ирак со американски војници, нашата земја гледа со доза на загриженост, особено кога се напаѓа најважниот стратегиски сојузник на РС Македонија, Соединетите Американски Држави.

3
ИРАК - Иран изврши напади со над десетина балистички ракети врз неколку цели во Ирак, вклучувајќи и две воени бази во кои има американски војници и коалициски сили, соопшти Пентагон.

4
ИРАН - Украински патнички авион со околу 170 луѓе се урна веднаш по полетувањето во близина на аеродромот Имам Хомеини крај иранскиот главен град Техеран, јави државната телевизија. Се претпоставува дека несреќата била предизвикана од механички проблеми. Несреќата се случи неколку часа откако Иран изврши балистички ракетни напади насочени кон две бази во Ирак, во кои се распоредени американски сили. Тоа, како што се наведува во Техеран, било одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда Касем Солејмани.