Достапни линкови

Државна помош за мајска плата побарале над 20.000 фирми


Управа за јавни приходи

Заклучно со вториот ден од јуни, од страна на работодавачите и самовработените лица поднесени се вкупно 27.100 барања за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај 2020, соопшти Управата за јавни приходи.

Според информациите од УЈП, за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени, а образецот БФП-ИП за финансиска поддршка за исплата на плата за мај го поднеле 20.127 компании, а од биле прифатени 16.610 барања.

XS
SM
MD
LG