Достапни линкови

Димковски: Нема место за паника - храна има


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски

Активносите во земјоделството продолжуваат и покрај вонредната состојба, а поради состојбата со коронавирусот се преземени посебни мерки, информираше денеска министерот за земјоделство Трајан Димоковски. Тој нагласи дека храна има, дека целата прехранбена индустрија е мобилизирана и дека нема простор за паника.

„Воведена е забрана за извоз на пченица и брашно до 30 април, земјоделските производи на зелените пазари може да се продаваат, но само ако се почитуваат владините препораки во делот на одржувањето хигиена и пропишано растојание меѓу луѓето од еден метар. Транспортот на стока не е забранет и ќе се одвива под посебни безбедносни протоколи. Во моментов, МНР со министерствата за надворешни работи од другите држави работи на изнаоѓање зеднички протокол за транспорт, со кој ќе се овозможи непречен проток на стоки. Со воведување заеднички протокол транспортот ќе се одвива непречено“, рече Димковски.

Министерот информираше и дека од безбедносни причини, сточните пазари се затворени, а движењето на пратки со животни може да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните.

„Забраната за извоз на пченица е со цел да се спречи какво било нарушување на состојбите на пазарот во земјата и да се обезбедат доволни количини брашно, а Министерството бара решение за откупот на јагнето, бидејќи шпицот е за околу 10-тина дена. Нашата намера е јагнето да биде извезено. Во моментов извозот во Италија се одвива забавено, поради проблемот што го имавме со транспорот. Во постојна комуникација сме со откупувачите, и освен традиционалните пазари како Италија, Хрватска, Грција, се бараат и други алтернативни пазари за извоз на јагнето. Доколку има потреба, со соодвтени мерки ќе им помогнеме на сточарите да ги покријат загубите, коишто ќе бидат донесени заеднички и во комуникација со сточарите и откупувачите на јагне“, рече Димковски.

XS
SM
MD
LG