Достапни линкови

Детето од Штип во добра состојба, тестирано семејството и уште 5 други лица


Инфективно одделение во Штипската болница

Здравствена состојба на четиригодишноте дете кое е првиот случај со корона вирус во Штип е добра, сместено е со неговата мајка на Инфективното одделение во Штип и се чекаат резултатите за тројца од семејството, рече на денешната прес-конференција, Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев.

Надлежните од Центарот за јавно здравје дополнија дека кај нив се јавиле дополнително пет лица, кои биле во контакт со семејството и во текот на денот ќе бидат тестирани.

„Добра работа е што малата пациентка е во добра здравствена состојба и со лесна клиничка слика. Во тек се иследувањето на сите оние контакти, коишто биле со пациентката, коишто по препорака на епидемиолозите треба да се тестираат и ги чекаме резултатите
за сите оние коишто биле во околината на пациенот“, рече Ѓеорѓијев.

Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека семејството е пристигнато од Англија на 14 март, а за тестираење се јавиле по појавата на симптомите кај девојчето. Директорот на штипската болница, Ѓеорѓијев потенцираше дека од денеска на сите пациенти кои ќе влегуваат во болницата ќе им се мери телесната температура, набавени се 18 далечински мерачи. Во штипската болница има два респиратори, а во тек е набавка на уште еден. Набавени се и заштитни наочари за сите лекари.

XS
SM
MD
LG