Достапни линкови

Дер Лејен: Постарите можеби ќе треба да се изолирани до догодина


Треба да го ограничиме контактот со постарите лица, колку што е можно, се додека не се развие вакцината за Ковид-19, рече Дер Лејен

За да се заштитат од короната на вирусот, повозрасните лица можеби ќе треба да останат во изолација до следната година, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Повеќето експерти веруваат дека вакцината за вирусот нема да биде подготвена за масовно производство најмалку уште една година.

„Треба да го ограничиме контактот со постарите лица, колку што е можно, се додека не се развие вакцината за Ковид-19“, рече Дер Лејен.

Таа додаде дека ги разбира сите тешкотии на изолацијата, но истакнува дека „кога станува збор за живот и смрт, ние мора да останеме дисциплинирани и трпеливи“.

XS
SM
MD
LG