Достапни линкови

„Деотерионс“ пронаоѓа жртви на природни катастрофи


Примачот на сигналот може да се поврзе со мобилен телефон или лаптоп и да работи со апликација достапна на Ејпл и андроид системите.

Тројца студенти од индонезиски универзитет патентирале уред за пронаоѓање затрупани жртви по природни катастрофи, како што се земјотресите објавија новинските агенции. Се работи за уред кој користи високофреквентни сигнали, со големина и дебелина на кредитна картичка.

Алатката, која е наречена „Деотерионс“, испушта сигнал поврзан со движење и лесно дишење што може да се открие до 10 километри

„Примачот на сигналот може да се поврзе со мобилен телефон или лаптоп и да работи со апликација достапна на Епл и Андроид системите“, објаснуваат студентите.

Сатрио Вирадината Риади Боер (23), еден од студентите и преживеан во земјотрес во Индонезија, вели дека пронајдокот бил инспириран од земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтер, што го погоди неговиот роден град Паданг на островот Суматра пред 10 години, во кој изгубил пријател и учител, а мајка му била повредена.

„Се може да се случи ако некој е под урнатини подолго време. Може жртвите да снемаат кислород или да им треба ампутација на рацете или нозете“, рече Боер, потенцирајќи дека времето е најважно за наоѓање на луѓето кои се под урнатини по земјотрес.

Тројцата студенти добија патент за својот прототип кој чини седум долари, но велат дека сакаат да го усовршат уредот пред тој да стане достапен за јавноста.

XS
SM
MD
LG