Достапни линкови

Дебар не е во карантин, демантира градоначалникот


Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, денеска ги демантираше информациите на одредени портали и други медиуми дека Дебар е во карантин.

„Ги замолувам сите медиум да не шират дезинформации со што предизвикуваат непотребна паника не амо во градот, туку и пошироко. Досега во Дебар не е воведен карантин. Во градот имаме потврдени пет случаи со коронавирус, за десет се чекаат резултатите од тестирањето, додека 31 лице се во домашна изолација“, рече Дука.

Тој додаде дека во текот на денот ќе пристигат две специјални екипи кои треба да ја отлискаат сосотојбата, а информираше и дека е формиран Оператвен штаб, во кој се претставници на сите надлежни институции.

XS
SM
MD
LG