Достапни линкови

Две нови жртви на Ковид-19 во Косово


Министерството за здравство на Косово објави денеска дека две лица починале во раните утрински часови на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово како последица на Ковид-19, јави МИА од Приштина.

Со ове два случаи, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во Косово се зголеми на три, откако на 22 март почина 82-годишен маж, кој страдал и од хронични респираторни болести. Заразени се, заклучно со вчерашниот ден, 145 лица.

XS
SM
MD
LG