Достапни линкови

Двајца починати на Инфективна клиника, за едниот се чека резултат од тестот за Ковид-19


Клиника за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести починаа двајца пациенти. Едниот пациент на возраст од 70 години од Куманово, кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, неговиот резултат на Ковид-19 се уште не е готов. Другиот е пациент на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија.

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома, соопшти МЗ.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје - 208
Куманово - 85
Дебар - 49
Штип - 15
Прилеп - 22
Тетово - 15
Струга - 9
Велес - 8
Битола - 4
Охрид - 3
Кавадарци - 2
Гостивар - 2
Гевглелија - 4
Струмица - 1
Крива Паланка - 2
Кочани - 1

Во изминатото дено-ноќие направени се 389 теста од кои преку ИЈЗ- 222. Преку Ветеринарен факултет – 13, лабораторија Авицена- 22, Биотек – 20 и Клиника Жан Митрев – 112. Досега во земјата се направени 4.506 тестирања на Ковид-19.

Министерството за здравство информира дека меѓу потврдените случаи од Куманово, има нови потврдени здравствени работници позитивни на Ковид-19 од болницата во Куманово, за кои министерот за здравство Доц. Д-р Венко Филипче дополнително ќе информира на редовната прес конфенција, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG