Достапни линкови

Гутереш: Има глобален пораст на семејното насилство


Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, предупреди за, како што рече, застрашувачкиот глобален пораст на семејното насилство поради кризата со коронавирусот и ги повика владите да направат поголеми напори за спречување на насилството врз жените.

„Знаеме дека изолацијата и карантинот се неопходни во борбата против ковид-19. Но, тие можат да бидат стапица за жени со насилни партнери. Многу жени и девојчиња се изложени на најголем ризик каде треба да бидат најбезбедни. Во нивните домови“, објави Гутереш на „Твитер“.

Според него, во некои земји, бројот на жени кои повикуваат услуги за поддршка е двојно зголемен, здравствените работници и полицијата се преоптоварени и не се доволни, а локалните групи за поддршка се „парализирани од недостаток на средства“.

XS
SM
MD
LG