Достапни линкови

Германската амбасада донираше 2,5 милиони денари за медицинска опрема


Германскатa Амбасада во Скопје оваа година го распредели целокупниот буџет од програмата Мали проекти за помош на Клиниката за инфективни бoлести, Клиниката Карил и Клиниката за неврохирургија, предвидени за лекување на пациенти заразени од Ковид-19.

Како што соопштија денеска од Амбасадата, амбасадорот Томас Герберих, министерот за здравство Венко Филипче и регионалниот менаџер на фондацијата Луѓе за луѓе-проект Хоуп, д-р Влатко Ужевски потпишаа договор за донација во висина од 2.450.000 денари за набавка
на медицинска опрема. Воедно, на медицинскиот персонал му посакуваат и понатаму многу сила, а на сите заболени брзо опоравување.

XS
SM
MD
LG