Достапни линкови

Герила акција - Дрвјата во скопски Расадник родија згради


Неодамна, јавноста дозна за новиот ДУП во општина Кисела Вода, со кој се планираат 100 нови згради во Расадник. Јавноста веќе жестоко реагираше на социјалните мрежи. Утрово во Расадник „никна“ и герила акција.

„Дрвјата во Расадник родија згради. Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот. Просторот наречен Расадник некогаш бил периферија на градот, а градот се развивал и растел околку него. Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвјата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат“, реагираат активистите кои стојат зад оваа акција.

Истакнаа дека „градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките“.

XS
SM
MD
LG