Достапни линкови

„Галичка свадба“ - љубов и традиција


Прес конференција за Галичка свадба 2019

Со тивка песна и громогласни три истрели во подножејот на Бистра се дел од традицијата на мијачките свадби. Акцентот на годинешното издание на културно-туристичката манифестација „Галичка свадба“ е љубовта која е мотив за сватовите да играат на ритамот од старата, повеќевековна свадбарска езгија.

На 46-тото издание во центарот на вниманието ќе бидат зетот Огнен Караѓозовски и Марина Петровска. Токму на оваа двојка од уште две други, Советот на месна заедница Галичник први им рекоа: Нека ви е со среќа.

Марина и Огнен на годинешната Галичка свадба, ДА ќе речат, узда ќе стават, леб ќе замесат и коњ ќе јавнат.

За годинешните младенци се знае дека нивната љубов започнала кога заедно работеле во хотелиерство и сега живеат во Скопје. Марина има потекло од Крива Паланка, но одамна е преселена, а Огнен има потекло од едно големо галичко семејство. Тој во повеќе наврати бил вклучен во организацијата на претходните свадби и учествувал како статист.

Прес конференција за Галичка свадба 2019
Прес конференција за Галичка свадба 2019

Посетителите се сведоци на над 30 обичаи кои се изведуваат за време на свадбарските денови за време на викендот.

На манифестацијата се ангажирани стотина статисти облечени во автентични галички носии. За изведување на традционалните ора и игри задолжени се триесетина членови на КУД „Фолклорни бисери“. Тука е и коњица со коњаници, луѓе како техничката поддршка, односно вкупно околу 250 луѓе. За време на викендот, во Галичник ќе биде воспоставен и специјален сообраќаен режим, за полесно следење на фестивалот.

Новината која минатата година се покажа како исклучително атрактивна, годинава ќе биде унапредена. Од месната заедница ќе овозможат лајв-стрим од целиот настан. Прогрмата од околу 12 часови, освен на голем лед екран поставен на платото, ќе може да се следи и преку интернет и други телевизиски платформи.

Покровител на годинешната Галичка свадба е претседателот Стево Пендаровски кој по татко е галичанец.

XS
SM
MD
LG