Достапни линкови

В понеделник ќе се расправа за недоверба на Бојко Борисов


Бугарскиот премиер Бојко Борисов

На вонредна пленарна седница в понеделник, бугарското Народно собрание ќе расправа за гласањето недоверба на владата на Бојко Борисов, поднесено од опозициската БСП, пренесе АП.

Предлогот за датумот на седницата го даде претседателот на Парламентот, Цвета Карајанчева, а доби поддршка од 172 пратеници, јавија бугарските медиуми.

Гласањето треба да се одржи 24 часа по завршувањето на дискусиите. Ова ќе биде петти обид на опозицијата за соборување на владата на Борисов.

XS
SM
MD
LG