Достапни линкови

Втор круг од претседателските избори во Хрватска


Во Хрватска утрово во 7 часот беа отворени гласачките места за вториот круг од седмите претседателски избори. Повеќе од 3,8 милиони гласачи имаат право на избор меѓу поранешниот премиер Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската СДП и актуелната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, кандидат на владејачка ХДЗ.

Новиот хрватски претседател ќе биде кандидат кој ќе освои повеќе гласови од граѓаните кои ќе излезат на биралиштата.

Според најновата анкета на Ипсос објавена во петокот, кандидатот на СДП води со 45 проценти од анкетираните гласови, додека 42 проценти ја поддржуваат Грабар-Китаровиќ. Околу 13 проценти се неопределени.

Вториот круг од претседателските избори ќе биде проследен со рекордни 24.333 набљудувачи, 63 повеќе отколку во рекордниот прв изборен круг, кога имаше 11 кандидати.

Повеќето набљудувачи беа пријавени од владејачката ХДЗ, над 14.000, а од СДП се речиси девет илјади.

Првите прелиминарни изборни резултати се очекуваат околу 20 часот.

Во првиот круг одржан на 22 декември имаше 11 кандидати. Поради тоа што ниеден од кандидатите не освои 50 отсто од гласовите за да биде избран, во вториот круг одат кандидатите со најмногу освоени гласови во првиот. Милановиќ тогаш освои 29,55 отсто од гласовите, а Грабар-Китаровиќ 26,65 отсто.

XS
SM
MD
LG