Достапни линкови

Втора улична галерија на урбана уметност во Скопје

Во катната гаража „26-ти Јули“, вчера беше отворена втората Skopje street art & graffiti gallery, што е во рамки на проектот „Градот Убав“ на Младинскиот културен центар.
Новата галерија ја разубавуваат дела на 13 домашни ликовни уметници и артисти: Андреј Павлов, Блаже Атанасков, Владимир Илиевски, Владимир Милиќ, Гоце Илиевски, Дејан Давчевски, Драган Китановски, Ивана Мојсовска, Ирина Атанаскова – Цоневска, Максим Димитров, Марјан Димиќ, Марко Вујисиќ и Тамара Забазноска.
Галеријата е дел од проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), кој претставува мрежа на 12 партнерски градови и институции (меѓу кои и Градот Скопје), а се реализира во рамките на програмата Креативна Европа.

XS
SM
MD
LG