Достапни линкови

Временска прогноза - Облачно со силен ветер и со повремен снег


Архивска фотографија: Скопје под снег

Времето денеска ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните делови на места со умерен интензитет. Вдолж Повардарието, каде ветерот ќе биде најсилен, преку денот ќе има и повремено намалување на облачноста.

Утринската температура се движи од минус 4 до 4 степени, а дневната од минус 2 до 7 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со засилен северен ветер и со повремени врнежи претежно од снег. Температурата ќе достигне до 4 степени.

XS
SM
MD
LG