Достапни линкови

Во тунел под границата на САД со Мексико откриени 2 тона дрога


Илустрација - Американски војници на границата со Мексико

Американските полициски сили открија 600-метарски тунел за криумчарење дрога под мексиканско-американската граница, во близина на гратчето Сан Диего. При тоа е запленета дрога вредна околу 30 милиони долари, пренесе АП. Тунелот е откриен по заедничката операција на мексиканските и американските служби.

Влезовите на тунелот се наоѓале на просторот на два магацина, едниот лоциран во американскиот град Сан Диего, а другиот во мексиканскиот град Тихуана. Според експерти, тунелот се користел неколку месеци и бил добро опремен. Некои делови од ѕидовите биле зајакнати, а внатре имало и систем за вентилација, осветлување и шини. Во тунелот се пронајдени речиси 590 килограми кокаин, 39 килограми метамфетамин, речиси осум килограми хероин, над 1,3 тони марихуана и околу еден килограм фентанил.

XS
SM
MD
LG