Достапни линкови

Во МВР потврдени 12 позитивни на коронавирус


Во МВР до денеска потврдени се 12 случаи на вработени позитивни на Ковид-19, 36 лица се во самоизолација, а издадени се и 14 наредби за изолација на лица, информираат од министерството.

„Изминатиов период беше извршена и дезинфекција во просториите и објектите каде е утврдено дека престојувале вработени лица за кои е потврдено дека се позитивни на тестот за коронавирус, а тоа ќе се прави и за секој нареден случај“, информираат од МВР.

Оттаму соопштуваат дека, според протоколите предвидени за вакви ситуации, од страна на епидемиолози направени се интервјуа и на вработени кои биле во непосреден контакт со заболените и во соработка со нив се утврдува за кои лица се издаваат решенија за
изолација и изјави за самоизолација. Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека за заштита на вработените од коронавирусот се преземаат сите неопходни мерки за нивна лична заштита, со соодветна заштитна опрема, а со цел безбедно извршување на работните задачи.

XS
SM
MD
LG