Достапни линкови

Во Грција родено првото бебе од мајка заразена со коронавирус


Илустрација

Во Грција вчера се роди првото бебе од мајка заразена со коронавирусот. Резултатите од првиот брз тест за Ковид-19 на новороденчето се негативни, јави дописничката на МИА од Атина. Во неделата, 24-годишната мајка имала симптоми на грип, а по направената анализа за коронавирусот, позитивни биле и нејзините резултати и резултатите на нејзиниот сопруг.

Според ректорот на атинскиот Универзитет во чии рамки е и Клиниката за гинекологија, жената била хоспитализирана и активиран планот за третман на бремени жени, а вчера се породила со царски рез. Директорката на Гинеколошката клиника Софиа Калантариду за грчката телевизија „Скај“, рече дека во болницата веќе постои специјален оддел наменет за вакви случаи, а вработените веќе имале соодветна обука особено во делот со специјалните скафандери за заштита. Токму тоа го споменува и гинекологот Јоргос Хрељас, кој вели дека со оглед на тоа што знаеле дека жената е заразена со коронавирусот, потребна била дополнителна претпазливост и лична заштита, а искуството, вели било „и малку стресно на почетокот“, бидејќи „униформата е малку чудна, едноделна униформа, како астронаут“, пренесе МИА.

XS
SM
MD
LG