Достапни линкови

Во Албанија осма жртва на Ковид-19


Илустрација - Албанија, март 2020 година

Бројот на починати од Ковид-19 во Албанија се искачи на 9 откако денес на Инфективната клиника во Тирана починал пациент од Фиер, кој пред два дена бил хоспиталзиран.

„Пациент на 66-годишна возраст од Фиер, позитивен на коринавирус утрово ненадејно почина од инфаркт. И покрај максималните напори на лекарите тој не успеа да преживее. Пацентот боледуваше и од други болести“, соопшти Минстертвото за здравтсво.

Пациентот од Фиер е осмата жртва од коронаврус во Албанија и втора во изминатите 24 часа. Со вчерашните соопштени податоци, во земјата бројот на заразените од Ковид-19 изнесува 174. Досега 17 лица од заболените се излекувани, но остануваат во домашна изолација во период од 14 дена.

XS
SM
MD
LG