Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ ќе достави до Владата решение за угостителството


Илустрација - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со коалициските партнери од Обнова на Македонија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска презентираше мерки за спас на угостителскиот сектор и вработените во него поради пандемијата со коронавирусот. Мерките ќе бидат доставени до Владата и во партијата очекуваат да бидат прифатени.

„Бараме да им се помогне на компаниите од угостителскиот сектор со 50% од бруто платата која ја исплаќаат за секој вработен за месеците март, април и мај. Владата да донесе законска одлука каде што угостителите кои имаат објекти под закуп што се под јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор или било која државна институција да бидат ослободени од плаќање на кирија за месеците март, април и мај. Да се најде институционален начин, угостителите кои имаат под закуп објекти кај приватни закуподавачи да плаќаат барем половина од месечната рата односно кирија, за истиот период“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата предлага и сите угостителски објекти да бидат целосно ослободени од плаќањето на закупот за летни тераси за целата летна сезона 2020.

„Јавните давачки кон државата, да бидат одложени до 10-ти месец 2020 година. Режиските трошоци за угостителските објекти, трошоци за струја, вода и останатите, кои ќе доспеат за месец март, април и мај да се одложат за плаќање од 10-ти месец 2020, и да се плаќаат на рати. Да се намалат критериумите за аплицирање на мерки за помош од државата за угостителите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG