Достапни линкови

Виртуелни гладијаторски борби во Стоби


Археолошки локалитет Стоби

Нов вид доживување на локалитетот Стоби

Посетителите на археолошкиот локалитет Стоби наскоро ќе можат да гледаат гладијаторски борби како дел од публиката во гледалиштето.

„За прв пат во нашата држава е изработена апликација за виртуелно доживување на археолошки локалитет која посетителите ќе ги врати во минатото“, најавија од Националната установа Стоби.

Оваа уникатна можност ќе ги „однесе“ посетителите во виртуелна гладијаторска борба во театарот на Стоби во II век од нашата ера.

„Ова виртуелно доживување е изработено преку проектот "Откривање на римскиот град Стоби - Виртуелено искуство" со цел да ја зголеми туристичката понуда на Стоби преку обезбедување на нови искуства на локалитетот. Користењето на технологијата во промоција и доближување на културното наследство е можност да се привлечат повеќе посетители, пред сѐ нова млада публика“, информираат од НУ Стоби.

Целото искуство, како што велат оттаму, ќе е збогатено со автентична атмосфера карактерична за еден вакво настан.

Проектот е поддржан од Регионалниот совет за соработка и финансиран од Европската Унија, а го реализираат Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и Националната установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби.

Археолошки локалитет Стоби
Археолошки локалитет Стоби

XS
SM
MD
LG