Достапни линкови

Бројот на оздравени од Ковид-19 неделава зголемен за 40 отсто


Илустрација - Клиника за инфективни болести

Министерството за здравство информира дека според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 6 до 12 јули 2020 година, забележано е значително зголемување на бројот на оздравени лица од Ковид-19, а намалување на бројот на починати во споредба со претходната недела.

Во периодот 6-12 јули регистриран е рекорден број на оздравени лица - 1017 кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 404 лица или 40% повеќе од претходната недела на известување (29 јуни - 5 јули).

„Изминатите три недели бројот на оздравени лица расте за околу 40% на неделно ниво. Ова е важен и позитивен индикатор кој влијае на намалување на бројот на активни случаи. Во дадениот период направени се вкупно 9995 тестирања (1573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1073 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7% позитивни од тестирани за периодот 6-12 јули, наспроти 10,9% за претходната недела. Во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад“, соопшти МЗ.

XS
SM
MD
LG