Достапни линкови

Бомбашки напад во Авганистан, над 40 повредени


Автомобилот-бомба експлодирал во близина на Oдделот за разузнавање за провинцијата Саманган

При експлозија на автомобил-бомба во северниот дел на авганистанскиот град Ајбак се повредени најмалку 40 лица, соопштија денеска официјални претставници, пренесе германската новинска агенција ДПА.

„Постојат стравувања дека има и мртви“, посочија заменик-гувернерот на провинцијата Сефатулах Самангани и локалниот советник Раз Мохамед.

До сега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

По бомбашкиот напад, дошло до размена на оган меѓу напаѓачите и безбедносните сили стационирани во областа, соопштија официјалните лица. Точната цел на нападот не е позната, но, според официјалните лица, возилото експлодирало во близина на Oдделот за разузнавање за провинцијата Саманган, во центарот на градот.

XS
SM
MD
LG