Достапни линкови

Боки 13 ќе дава исказ за кривичните пријави против функционери


Архивска фотографија - Бојан Јовановски на изрекување на пресудата за „Рекет“

Бојан Јовановски - Боки 13 денеска во обвинителството повторно ќе дава исказ за кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“.

Со поднесување на пријавите Јовановски почна на крајот на минатиот месец. Тогаш неговиот адвокат Саша Дукоски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки 13 се поради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.

Последните кривични пријави Боки 13 ги поднесе пред една недела, кога неговиот бранител информираше дека станува збор за околу 30 кривични пријави.

XS
SM
MD
LG