Дел од нив во галеријата која следува:
Белоруските демонстранти повторно ја враќаат уметноста од времето на Советскиот Сојуз
Белоруските демонстранти ги пренаменуваат постерите од советски пропаганда на нивните протести низ целата земја против претседателот Александар Лукашенко.

1
Сликата на белоруската опозициска политичарка Мерија Калесникова е прикажана на станбен блок, како го стега искинатиот пасош и стои пред некои цвеќиња. Текстот гласи: „Маша, мајката земја те вика!“
Плакатот се однесува на Калесникова, која наводно го искинала пасошот, бидејќи белоруските власти се обиделе да ја депортираат од Белорусија на 8 септември.
Плакатот се однесува на Калесникова, која наводно го искинала пасошот, бидејќи белоруските власти се обиделе да ја депортираат од Белорусија на 8 септември.

2
Овој опозициски постер е изведен од иконскиот постер за регрутирање на Советскиот Сојуз од Втората светска војна со кој се прогласува „татковината повикува“ и прикажува жена која ја дава заклетвата на советскиот војник.

3
Лукашенко е прикажан на една карта украсена со боите на знамето на Белорусија од времето на Советскиот Сојуз, кое долгогодишниот авторитарен владетел го усвои за знаме на Белорусија во 1995 година.

4
Овој плакат може да е инспириран од овој познат постер од раните денови на комунистичкото владеење во Русија, кој повикува на бунт во Кронштат, во близина на Санкт Петербург. Бунтот на Кронштат беше востание против Лениновите болшевици. Востанието беше брутално задушено од Црвената армија и повеќе од 1.000 морнари беа погубени.