Достапни линкови

„Анима мунди“ бара отстапка во полицискиот час за шетање миленици


Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара допрецизирање на отстапка во рамки на изречената Забрана за движење, а која се однесува на лицата кои имаат миленици и мораат да ги изнесат надвор.Тие бараат да биде дозволено милениците да можат да ги прошетаат по 21 часот, поради физиолошки потреби на животните.

„Многу повозрасни граѓани, кои неретко живеат сами, имаат миленици, кои поради извршување на физиолошки потреби мора да бидат прошетани неколку пати во текот на денот, не само наутро, а некогаш и подоцна од 21 часот“, велат од „Анима мунди“ и додаваат дека барањето е доставено до Владата и министерот за здравство Венко Филипче, но се уште не добиле одговор.

XS
SM
MD
LG