Достапни линкови

Ангеловска: За догодина растот на економијата проектиран на 3,8 отсто


Министерката за финансии Нина Ангеловска

За следната година, растот на економијата е проектиран на 3,8 отсто, а буџетскиот дефицит на 2,3 проценти, изјави денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска и, без многу детали, додаде дека буџетот следната година ќе биде насочен кон инвестирање во човечкиот капитал.

„Предвидени се значајни мерки за поддршка на граѓаните. Фокусот на буџетот оваа година е ставен на инвестирањето во човечкиот капитал. Инвестициите ќе бидат насочени кон поддршка на човечкиот капитал, на граѓаните, односно за подобро здравство, за подобро образование и силна поддршка на бизнисите“, изјави министерката Ангеловска.

Таа додаде дека мерката за субвенциите на платите, која беше најавена, е буџетски проектирана и за следната година. Според Ангеловска, мерката е системски одржлива која не само што ќе им помогне на компаниите, туку индиректно значи и инвестирање во човечки капитал.

XS
SM
MD
LG