Достапни линкови

Албанските пратеници побараа високи позиции од Вучиќ за да ја поддржат Владата


Српскиот претседател и лидер на СНС, Александар Вучиќ, ги почна консултациите за Влада

Тројцата албански пратеници, кои успеаја да обезбедат пратеничко место во Собранието на Србија на изборите одржани во јуни годинава, на денешната средба со претседателот на државата и лидер на победничката партија СНС, Александар Вучиќ, побараа министерско место во Министерството за локална самоуправа, заменик-министер за економија, државен секретар во Министерството за образование за да ја поддржат новата Влада.

Во официјалното соопштение на „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“ се вели дека овие 4 услови се поврзани со главните проблеми на Албанците во Србија веќе 20 години и дека без нивно исполнување нема да коалицираат со Српската напредна партија (СНС) на Вучиќ.

Српскиот претседател и лидер на СНС во наредните денови ќе се сретне и со претставници на другите партии и листи кои обезбедија пратенички мандати на изборите.

XS
SM
MD
LG