Достапни линкови

Автомобил влета во туристи во Италија, шестмина мртви


Шест германски туристи загинаа на северот на Италија кога на нив налетал автомобил кога излегувале од ноќен клуб

Шест германски туристи загинаа на северот на Италија кога на нив налетал автомобил кога излегувале од ноќен клуб, соопштија властите.

Во инцидентот во селото Лутаго, недалеку од австриската граница, биле повредени 11 луѓе, од кои двајца се во критична состојба.

Возачот на автомобилот, кој е уапсен, исто така е хоспитализиран поради повредите.

Сите жртви се млади луѓе, а медиумите јавија дека возачот бил 28-годишен и оти бил пијан.

Во околината на Лутаго во областа Трентино-Јужен Тирол има неколку популарни скијачки центри.

XS
SM
MD
LG