Достапни линкови

Австралија ги продолжи рестриктивните антикорона мерки


Австралискиот премиер Скот Морисон објави дека во Австралија рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот ќе останат во сила уште најмалку четири недели, пренесе Ројтерс. Морисон рече дека Австралија ќе го прошири тестирањето во мај, ќе го подобри својот капацитет за набљудување на заразените лица и ќе планира одговор на секоја понатамошна локална трансмисија.

Претседателот на австралиската Влада додаде дека очекува овие три чекори да бидат завршени за четири недели и дека Австралија потоа ќе размисли за олеснување на ограничувањата што вклучуваат ограничување на движењето на граѓаните и затворање на училишта, ресторани и пабови.

XS
SM
MD
LG