По 24 години поминати во Кремљ, Владимир Путин обезбеди дополнителни шест години на функцијата претседател, на изборите кои завршија во неделата на 17 март, со што стана руски лидер со најдолг стаж по Јосиф Сталин.
Единици на украинската армија започнаа свои кампањи за регрутирање на војници додека Киев ги разгледува плановите за дополнителна мобилизација. Целта е на цивилите да им се даде претстава за воената обука со надеж дека тоа ќе ги мотивира да се пријават.
Претседателот Владимир Путин убедливо победи на изборите што ги оркестрираше Кремљ, со што го продолжи своето долго владеење за уште шест години, настојувајќи да демонстрира огромна јавна поддршка за инвазијата на Украина. Додека се гласаше илјадници луѓе излегоа на протестот „Пладне против Путин“.
Во Москва, Санкт Петерсбург и други градови низ цела Русија точно напладне се формираа долги редици пред гласачките места во знак на протест против Путин на последниот ден од претседателските избори. Извесно е дека изборите се креирани Владимир Путин да добие уште шест години владеење.
И утре се гласа на претседателските избори во Русија, каде се очекува претседателот на државата Владимир Путин да го продолжи мандатот за уште шест години. Сопругата на Навални повика на учество во акцијата „Пладне против Путин“.
Претставникот на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во интервју за РСЕ изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да одговори на загриженоста на Западот во врска со забраната за употреба на српскиот динар на Косово. Ескобар престојуваше во официјална посета на Косово.
Мигрантите со ќотек, а македонските државјани, без нов пасош, со „арно“ се враќаат од граница. Странските инвестиции останаа преку границата. Путин пред нов претседателски мандат. Њузлетер 15.03.2024
Функцијата генерален секретар на НАТО и официјално е одвоена од позициите на ЕУ. Но, имајќи предвид дека 23 од 27 земји-членки на ЕУ исто така припаѓаат на воената алијанса и дека генералниот секретар на НАТО треба да биде европски, двете организации во суштина ловат „таленти“ во ист политички базен
Во Русија, наредниот викенд, се одржуваат претседателски избори, на кои актуелниот претседател Владимир Путин, речиси сигурно ќе победи. Со тоа, Путин ќе биде со најдолг стаж на лидерската позиција во Русија, по Сталин.
Вчитај повеќе