недела, мај 20, 2012 Скопје 21:42

Правила за користење на содржините на РФЕ/РЛ

Дозвола за користење на содржините на РФЕ/РЛ
 
Препечатување на текстови, користење на аудио и видео содржини
РФЕ/РЛ одобрува повторна употреба, објавување и редистрибуција на текстуални содржини објавени на на веб страницата. Исто така одобрува репостирање на содржини од РФЕ/РЛ на веб страници, меилинг листи, дискусиони групи и бази на податоци на регуларна основа. Сепак, продажбата на РФЕ/РЛ содржини е строго забранета.

При повторна употреба на РФЕ/РЛ содржини, бараме да го кредитирате РФЕ/РЛ што вклучува:

* перманентен линк до текстот на rferl.org,

* следните информации со секој текст:

Copyright (c) 2011. RFE/RL, Inc. Reprinted with the permission of Radio Free Europe/Radio Liberty, 1201 Connecticut Ave., N.W. Washington DC 20036.

Ако изберете извадок од текст, бараме да го назначите материјалот како извадок и да избегнувате промена на значењето, името и целосноста на производот. РФЕ/РЛ го задржува правото да ја отповика дозволата за користење на нејзини содржини во секое време.

Интернет програмите во живо како и архивираните програми на РФЕ/РЛ и нејзините 18 програмски сервиси се наменети исклучиво за лична употреба на нашата слушателска публика. Не е дозволено никакво емитување, реемитување или некаква друга употреба на овие програми без писмена авторизација од РФЕ/РЛ.

За да се добие дозвола за употреба на текст од РФЕ/РЛ, фотографии, аудио или видео содржина, Ве молам испратете меил на оваа адреса: web@rferl.org.

Содржина од трети лица
Одредени производи на РФЕ/РЛ содржат содржини креирани од надворешни агенции ( „Содржини од трети лица“) како што се Associated Press, Reuters, Agence France-Presse, ITAR-TASS и тн. Пред да користите какви и да се производи на РФЕ/РЛ кои содржат Содржини од трети лица, мора претходно да добиете дозвола не само од РФЕ/РЛ туку и од сопственикот на правата на Содржините од трети лица.

Линкови кон надворешни сајтови
РФЕ/РЛ на нејзините веб страници повремено поставува линкови од сајтови одржувани од лица и субјекти што не се поврзани со РФЕ/РЛ. При одлучувањето дали да ги постави линковите кон надворешни сајтови на нејзината веб страница, РФЕ/РЛ им дава предност на непрофитни, непартиски субјекти кои извршуваат јавен сервис. РФЕ/РЛ нема контрола врз овие надворешни сајтови и не ги одобрува нивните содржини, оператори, производи или услуги. Уште повеќе, РФЕ/РЛ не е одговорна за содржината, операторите, достапноста, точноста, квалитетот, рекламите, производите или другите материјали достапни на овие или преку овие сајтови. РФЕ/РЛ не е одговорна директно или индиректно за каква и да е штета или загуба предизвикана од страна или во врска со употребата или се повикува на некоја слична содржина, производ или услуги достапни на или преку ваквите сајтови.

Начин на цитирање
Кога користите материјали на РФЕ/РЛ за научни цели, ве молиме користете цитати. Како водич за цитирање користете ги следните веб страни.



Политики на приватност

Радио Слободна Европа (РФЕ/РЛ) е со убедување дека корисниците на интернет имаат право на приватност и на немониториран пристап во пребарувањето на интернет.

Во насока на обезбедување најдобри можни информативни услуги за нашите корисници преку интернет, ние собираме два типа информации за и од нашите посетители: е-меил адреси кои ни ги обезбедуваат посетителите што сакаат да пристапат до публикациите на РФЕ/РЛ преку меил и да соберат статистички податоци ставени на сајтот.

Е-маил адреси
Претплатниците на е- маил вестите на РФЕР/РЛ доброволно ги оставаат своите е-маил адреси за да ги добиваат вестите. РФЕ/РЛ под никакви услови не дозволува достапност на е-меиловите потребни за оваа цел на трети лица. Дури ни кога листите на претплатникот се споделени внатрешно за некоја друга намена која не е испорачување на вести. Претплатниците на вести можат да се откажат од претплатата во секое време ако ги следат насоките кои се објавени во билтенот и поставени на сајтот. Ако се случи да не успеале да ја откажат претплатата, можат да го контактираат лицето за контакт на е-маил адресата објавена на секој блок вести или да го контактираат интернет одделот на страната web@rferl.org

Статистички податоци
Како и повеќето веб страници, така и РФЕ/РЛ собира податоци кога посетитетлите ќе ја посетат страницата на РФЕ/РЛ. Целта на ова собирање на податоците е едноставно да се види колку луѓе го посетиле сајтот, од кои држави се, кои страници ги виделе и тн. Овој процес на собирање податоци не му овозможува на РФЕ/РЛ да открие кои сте вие, туку само дека станува збор за компјутер со одреден број што пристапил до веб серверот. Софтверот кој го користиме за да направиме извештај за овие податоци се базира на стандардната алатка за пребарување наречена cookie која регистрира кои веб страници ги посетиле корисниците на овој сајт. Овие cookies се определени по случаен избор и секоја одново ја креира посетителската сесија и исчезнува и е избришана откако посетителот ќе го напушти сајтот. Извештаите кои го содржат збирот од овие податоци се користат за внатрешна употреба за унапредување на сајтот и обезбедуваат подобар квалитет за нашите посетители базиран на нивните потрошувачки потреби.

Ве молиме упатете ги вашите прашања или коментари на web@rferl.org