недела, мај 20, 2012 Скопје 21:29

ПОДКАСТИНГ


Што е подкастинг?

Подгастот е дигитален фајл, аудио или видео, или неколку фајлови кои се дистрибуираат преку Интернет за да се следат на преносни медиуми или персонални компјутери. Ова значи дека корисникот може да ги слуша или гледа програмите кои автоматски се симнуваат во време кога најмногу им одговара. Терминот Подкаст доаѓа од комбинација на Ај Под како преносен медиа плејер и емитување.

Како работи подкастингот?

Подкастингот е базиран на РСС. Аудио или видео фајлот автоматски се симнува на персоналниот компјутер. Инсталираниот програм за подкастинг автоматски проверува дали постојат нови верзии и кога ќе најде нова верзија ја пренесува на компјутерот. МП3 форматот е најдобар формат за Подкастинг.

Кој програм ми е потребен?

Ај тјунс. За почетници Ај Тјунс е еден од најлесните програми за употреба. Откако ќе го инсталирате програмот може да се пријавите за каналите кои ве интересираат. Еве како тоа може да се стори. Отворете го програмот Ај Тјунс, во мените селектирајте Advanced - Subscribe to Podcast. Во отворениот прозорец копирајте го линкот на Подкастот кои сакате да го имате. Потоа притиснете ОК. Ако сакате да се пријавите за нашиот Подкаст: http://podcast.makdenes.org/, името на Подкастот ќе се објави на листата. Изберете од листата и притиснете Settings во долниот лев дел. Исто така можете да го одредите интервалот меѓу контролите за новите снимки, и колку сакате да ги задржите на вашиот компјутер. Можно е да ги видите сите снимки од избраниот канал кога ќе кликнете на тријаголникот покрај името на каналот. АјТјунс програмот на вашиот хард диск автоматски ги синхронизира снимките со вашиот Ај Под кога тој е приклучен.

АјПодер – Програмот е наменет за напредните корисници на персонални компјутери. Тој содржи пофлексибилен механизам за пренесување на снимките. На пример, можете прецизно да го одредите времето на контрола на серверот според времето во оперативниот систем.

Подкастинг