Достапни линкови

Ципрас одбележа една година на власт


Ципрас одбележа една година на власт
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Ципрас одбележа една година на власт

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со митинг ја одбележа првата годишнина откако дојде на власт. Тој оцени дека борбата за просперитет на неговата земја не е завршена, но оти историскиот мандат што грчкиот народ и го даде на крајната левица не може да биде избришан или игнориран од конзервативните сили во Европа.

Европа една година потоа не е истата по тешките преговори со Грција, рече премиерот Ципрас пред членовите и приврзаниците на неговата партија Сириза во Атина, додавајќи:

„Постои едно нешто што мора да се има предвид. Се додека луѓето ги поддржуваат нашите напори, ние ќе продолжиме да се бориме внатре и надвор од Грција. Внатре во нашата земја, против корумпираниот естаблишмент и надвор со оние што мислат дека можат да ги задржат луѓето со наведнати глави“, рече Ципрас.

Собирот, чиј слоган беше „Една година од левицата, една година на борба. Одиме напред“, се одржа за да ја одбележи првата година од победата на Сириза на општите избори во јануари лани со крајно левичарска платформа, ветувајќи им на Грците откажување од програмите за помош што ги имаа прифатено поранешните влади во преговорите со Европската унија и ММФ.

Постои едно нешто што мора да се има предвид. Се додека луѓето ги поддржуваат нашите напори, ние ќе продолжиме да се бориме внатре и надвор од Грција. Внатре во нашата земја, против корумпираниот естаблишмент и надвор со оние што мислат дека можат да ги задржат луѓето со наведнати глави.
Алексис Ципрас, грчки премиер.

Но, како премиер, Ципрас направи политички пресврт кога ја се откажа од неговите заложби против острите мерки за штедење со цел да обезбеди нов пакет финансиска помош и да го спречигрчкото излегување од еврозоната.

По неколку месеци неуспешни преговори со кредиторите на задолжената земја, владата на Ципрас ветената помош ја оцени како уцена и повика на референдум за условите на помошта при што неколку недели беа затворени сите банки во Грција.

„Демократијата е единствен пат за излез“, рече Ципрас на кампањата пред референдумот, барајќи од Грците да ги отфрлат понудените услови.

Но, и покрај тоа што 62 насто од нив го сторија тоа, Ципрас им подлегна на странските кредитори и прифати натамошно штедење и кратење на пензиите, зголемување на даноците и реформи за да добие 86 милијарди евра финансиска помош.

Ваквото салто на Ципрас предизвика поделба во Сириза, по што тој побара нов мандат на изборите во септември на кои повторно победи.

Од тогаш постојано расте нервозата меѓу Грците што не е ни малку необично во земја која помина низ пет општи избори во шест години.

Илјадници земјоделци, државни службеници, пензионери, вклучувајќи правници, лекари и инженери, излегоа на улиците во изминатите недели против планираната пензиска реформа, со која се предвидува намалување на пензиите и до 30 отсто, како и зголемување на придонесите за социјално осигурување.

Парламентот се очекува да гласа за овој закон во февруари. Најголемите два синдиката во Грција во кои членуваат 2,5 милиони работници и пензионери, планираат на 4 идниот месец да одржат 24 часовен национален собир.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG