Достапни линкови

Гравот тетовец годинава со помал род


Илустрација.
Илустрација.

Значително намален е родот на најпознатата земјоделска култура во полошкиот регион - гравот тетовец.Ако лани имало 150 килограми по декар, година родот достигнува од 100 до 120 килограми.

Родот на најпознатата земјоделска култура во полошкиот регион - гравот тетовец, годинава во споредба со лани и претходните години е намален од 30 до 40 проценти. Според Бранко Карапејовски, агроном од тетовскиот центар на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието, причините се во неповолните временски прилики.

Овој период сушен што нè зафати, добри 90 дена или три месеци без дождовни денови, придонесе приносите да потфрлат оваа година.
Бранко Карапејовски, агроном од тетовскиот центар на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието.

„Овој период сушен што нè зафати, добри 90 дена или три месеци без дождовни денови, придонесе приносите да потфрлат оваа година. Гравот, кога треба самиот цвет да се врзе плодот, тогаш во недостаток на доволни количини на влага, мешунката останува делумно исполнета. Со истите агротехнички мерки, ланските приноси се движеа од 1.500 килограми по хектар или 150 килограми по декар, а оваа година 100 или 120 килограми може да стигне по декар“, оценува Карапејовски.

Иако немало доволно вода потребна за одгледувањето на родот, квалитетот на гравот тетовец останува ист и покрај пониската реколта, смета Карапејовски.

Квалитативно не би рекол дека отстапува рапидно во однос на ланскиот период. Со квалитетот тука е некаде.
Бранко Карапејовски, агроном од тетовскиот центар на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделието.

„Квалитативно не би рекол дека отстапува рапидно во однос на ланскиот период. Со квалитетот тука е некаде, во некои делови во недостаток каде навистина почвените услови и структурата на почвата е таква што не овозможува да го искористи тој максимум на процент на влажност. Таму веќе рудиментирало самото зрно и веќе не е формата карактеристична за нашиот тетовец, калибража 9-12, со бела боја“, вели агрономот.

Според стручните лица, нема да има промена на цената на гравот. Причина е во тоа што земјоделците претежно гравот го продаваат на зелените пазари и ретки се случаите некој да пласира поголемо производство во странство.

„Ако имаме извоз во поголеми количини, деловни зделки и трговски куќи кои ќе го откупат целото количество на грав во полошкиот регион, тогаш можеби можеме да зборуваме дека би имало, да се одрази на цената на чинење на пазарот на мало. Би се појавило некое благо покачување на цената“, тврди Карапејовски.

Гравот тетовец е заштитен во Државниот завод за индустриска сопственост со неговото географско потекло и карактеристики. Препознатлив е дека по варењето ја задржува компактноста и лушпата малку се одделува.

XS
SM
MD
LG