Достапни линкови

Наместо лекови - реклами за рационално трошење лекови


Архивска фотографија - Прес на премиерот Никола Груевски на кој ја промовира кампањата за здрава храна и здрав начин на живот, „Здравјето е избор“
Архивска фотографија - Прес на премиерот Никола Груевски на кој ја промовира кампањата за здрава храна и здрав начин на живот, „Здравјето е избор“

Владата ќе ве учи на „рационално трошење на лековите“, а тоа,велат, ќе ве чини околу 500 илјади евра буџетски пари. И покрај сите критики за несоодветно трошење во време на кризи владата си тера по старо, велат експертите.

Политичко-економската криза ги засили стравувањата дека во овој критичен период трошењето на државни пари треба да биде сведено на минимум. Спротивно од тоа Владата овој период го користи за нови владини кампањи, а најновата се однесува на рационално трошење лекови и чини близу 500 илјади евра, што е доволно дел од експертите во ова да видат ненаменско трошење на јавните пари. Економистите сметаат дека ваквото однесување на власта е неодговорно во ситуација кога другите во државата веќе ги трпат последиците од кризата.

Што поскоро треба да се направи некое разгледување на можностите за трошењето на владата само за основни потреби кои се за функционирање на државата, секакви други ненамерни трошења и во случајов какви што се овие, мислам дека не се потребни во овој момент.
Биљал Касами, универзитетски професор.

Професор Биљал Касами го осуди ваквото трошење пари, истакнувајќи дека кампањите претставуваат опасност за буџетот и категорично нагласи дека е потребно „НЕ“ за какви било поголеми трошења.

„Што поскоро треба да се направи некое разгледување на можностите за трошењето на владата само за основни потреби кои се за функционирање на државата, секакви други ненамерни трошења и во случајов какви што се овие, мислам дека не се потребни во овој момент на државата пред да се расчисти сето она што е произлезено од овие бомби, дали има вистина во тоа или нема и потоа да се функционира нормално.“

Експертите веќе нагласија дека секоја политичка криза дејствува негативно врз економските активности. Претставници на бизнис секторот минатата недела предупредија на можност од банкрот ако не се најде решение за кризата и нагласија дека веќе имаат искуства со откажани аранжмани и закочени инвестиции од надвор. Додека едни стравуваат за својата материјална егзистенција и антикорупционерите ја критикуваат владата поради недоволно покажаната волја за порационално трошење на парите. Очекувам одговорните политичари да направат дополнителни напори да не се трошат пари за нешто што не ги дава потребните ефекти, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

Трошењето на огромни финансиски средства за кампањи, особено што ефектот од тие кампањи е многу тешко да се согледа во ситуација на таква економска состојба каква што е во Република Македонија многу е проблематично издвојувањето на огромни средства.
Драган Малиновски, поранешен антикорупционер.

„Трошењето на огромни финансиски средства за кампањи, особено што ефектот од тие кампањи е многу тешко да се согледа, барем позитивниот ефект не може секогаш да се препознае, во ситуација на таква економска состојба каква што е во Република Македонија многу е проблематично издвојувањето на огромни средства.“

Според претседателот на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите Мирче Адамчевски, владата и покрај политичката и економската криза останува целосно посветена на продолжување на нејзиниот претходно воспоставен начин на работа. На тој начин продолжува нејзината намера да има медиуми кои се зависни од владини пари, вели Адамчевски.

„Фирмите што си биле досега зависни, што си земале пари од владата, очигледно дека ќе се најдат и во списокот на пари коишто ќе се доделат за нив, кадешто тие веќе се длабоко зависни од нив, со ова помалку или повеќе зависноста нема повеќе да се зголеми.“

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG