Достапни линкови

Шанса за вработување на млади и ранливи категории


Главниот фокус во програмата за вработување млади и луѓе од ранливи категории во североисточниот регион ќе биде на занаетчиството.

Младите невработени лица и оние што спаѓаат во ранливи категории ќе имаат можности да се вработуваат преку проект поддржан од Европската унија, што коинцидира со намалување на невработеноста, вели Милорад Тренчевски, раководител во Центарот за вработување во Куманово.

Финансиската конструкција е од десет илјади евра, наменет е за лица до 29 години и за оние од ранливата категорија. Тука е опфатена и Општината Старо Нагоричане со еден реставратор на црквата Свети Ѓорѓи во истото село. Тендерската постапка е започната, ангажирана е фирма провајдер што ќе работи на реализација на проектот.
Милорад Тренчевски, раководител во Центарот за вработување во Куманово.

„Финансиската конструкција е од десет илјади евра, наменет е за лица до 29 години и за оние од ранливата категорија. Тука е опфатена и Општината Старо Нагоричане со еден реставратор на црквата Свети Ѓорѓи во истото село. Тендерската постапка е започната, ангажирана е фирма провајдер што ќе работи на реализација на проектот“, вели тој.

Тренчевски додава дека има пријави од заинтересирани невработени лица, во тек е тендерска постапка и за фирмите кои ќе ги спроведуваат обуките. Според него, засега не е прецизирано образованието и квалификациите на невработените, иако намера е поттикнување на занаетчиството.

Ќе нагласам дека би требало да бидат опфатени фризерските занаети, педикирство, маникриство, молерски услуги.
Милорад Тренчевски, раководител во Центарот за вработување во Куманово.

„Ќе нагласам дека би требало да бидат опфатени фризерските занаети, педикирство, маникриство, молерски услуги“, вели тој.

Сумата од десет илјади евра се неповратни средства, а по една година со платени придонеси за пензиско и здравствено осигурување обврска на работодавачот ќе биде уште една година да го задржи на работа вработеното лице за кое земал субвенција, со тоа што тој ќе треба да ги плаќа давачките, смета Тренчевски.

Невработените, пак, кои во Центарот за вработување активно се пријавуваат за барање работа, малку се информирани за поволностите што се нудат.

„Не знам. Кредитот треба да им се даде, ама неповратно, дали ќе купи авто да биде таксист, дали ќе купи трактор или овци или крави да одгледува, би било добро. Но, јас не верувам дека е можно тоа.“

„Не знам. Не сме запознаени. Сигурно е можно, штом има таква опција“, велат анкетираните граѓани.

Во Општината Куманово и во соседните Старо Нагоричане и Липково се манипулира со бројка која надминува 30 илјади невработени. Работа бараат сите, особено младите кои во тешката економска состојба не лесно доаѓаат до работно место. Повеќето од нив и немаат доверба во работодавачите, зашто голем дел од фирми вработуваат, а не редовно исплаќаат плата и останати давачки. Има и фирми кои нудат многу ниска плата, за која, како што велат барателите на работа, дека е понижувачка и не можат да ги покријат ниту основните трошоци.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG