Достапни линкови

ХРВ - Владите ги игнорираат човековите права


ХРВ: владите да не ги игнорираат човековите права
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

ХРВ: владите да не ги игнорираат човековите права

Хјуман рајтс воч во најновиот годишен извештај предупредува дека многу влади во светот прават голема грешка поради тоа што ги игнорираат човековите права со цел да се справат со безбедносните предизвици. Токму човековите права се клучни за безбедноста, оценува Хјуман рајтс воч.

Во денеска објавениот „Светски извештај 2015“ е направен преглед на човековите права во над 90 земји во светот од крајот на 2013 до ноември лани.

Клучно за решавање на овие кризи е токму почитувањето на човековите права, како и обезбедувањето демократска одговорност.
Кенет Рот, извршен директор на Хјуман рајтс воч.

Извршниот директор на Хјуман рајтс воч, Кенет Рот оценува дека минатата година била особено бурна.

Тој ги наведува конфликтите до кои дојде по востанијата во таканаречената Арапска пролет, злосторствата извршени од исламските екстремисти и тензиите од типот на Студената војна околу украинската криза.

„Клучно за решавање на овие кризи е токму почитувањето на човековите права, како и обезбедувањето демократска одговорност“, наведува Рот.

Она што навистина го гледаме сега се многуте оправдувања за да не се почитуваат човековите права поради загриженоста за безбедноста. Но, нема безбедност без да се гарантираат човековите права.
Ендрју Строхлајн, директор за медиуми на Хјуман рајтс воч во Европа.

Тој додава дека секташките и навредливи политики на владите во Сирија и Ирак и рамнодушноста на меѓународната заедница спрема ваквите појави биле важни фактори за појавата на милитантите на Исламската држава.

„Она што навистина го гледаме сега се многуте оправдувања за да не се почитуваат човековите права поради загриженоста за безбедноста. Но, нема безбедност без да се гарантираат човековите права“, вели за Радио Слободна Европа, директорот за медиуми на Хјуман рајтс воч во Европа Ендрју Строхлајн.

Според него, реформата на корумпираното судство е една од најважните задачи за да се постигне напредок во оваа сфера.

Што се однесува до Русија, во годишниот извештај на Хјуман рајтс воч, инаку 25 по ред, се оценува дека Кремљ во 2012 година почнал „да спроведува најинтензивни мерки за казнување од крајот на советската ера“, чија цел се групите за човекови права, дисидентите, независните новинари и мирни демонстранти.

Притоа се додава дека релативно недоволната западна реакција на ваквите нарушувања може да ја влоши и кризата во Украина.

„Фактот што никој всушност не им посветува внимание на ваквите злоупотреби на доследен и директен начин и дава на Москва да се чувствува дека може да продолжи со тоа и натаму“, вели Строхлајн.

Од друга страна, желбата да се претстави Украина како невина жртва на руската агресија, според Кенет Рот, придонесува Западот да се колеба во врска со злоупотребите во Украина, вклучувајќи користење доброволни баталјони кои вршат злосторства во населени места.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG