Достапни линкови

Дигитализација во Македонија


За дигитализација на телевизиите во Македонија почна да се зборува од 2007 година, кога се изработи стратегија, а процесот почна од 2011 и опфатени се сите телевизии.

Дигитализацијата на ТВ сигналот во Македонија на корисниците им овозможува поголем избор на ТВ канали со почиста слика, поквалитетен звук и низа дополнителни услуги, велат експертите. Од воведувањето на дигиталните телевизии, најмногу погодности имаат бројните медиумски куќи, пред сè локалните, кои на тој начин може да допрат до поголем број корисници.

Македонија е поделена на седум региони и практично сегашните локални телевизии ќе може да станат регионални, поширок опфат да имаат. Исто така им се овозможува да имаат повеќе сервиси, на пример посебен за спорт, посебен за музика, можностите се практично неограничени.
Мирче Адамчевски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

Поранешниот претседател на Советот за радиодифузија, Мирче Адамчевски, вели дека ефектите од дигитализацијата во земјава се гледаат во тоа што станува збор за нова напредна технологија со која се опфатени повеќе телевизии, односно неограничен број локални телевизии кои ги користат погодностите.

„Македонија е поделена на седум региони и практично сегашните локални телевизии ќе може да станат регионални, поширок опфат да имаат. Исто така им се овозможува да имаат повеќе сервиси, на пример посебен за спорт, посебен за музика, можностите се практично неограничени“, вели Адамчевски.

Урбаните делови полесно се дигитализираа, но терестијалниот пренос остана проблем, а тоа е најважен дел за оние коишто живеат во руралните предели, односно таму каде што е недостапно кабелското поврзување.
Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија.

За дигитализација на телевизиите во Македонија почна да се зборува од 2007 година, кога се изработи стратегија, а процесот почна од 2011 и опфатени се сите телевизии.

„Некои си останаа локални, некои станаа регионални, но практично сите се опфатени, веќе нема терестијално емитување“, вели Адамчевски.

Од аспект на обичните гледачи, сепак дигитализацијата на ТВ сигналот не донесе револуционерни промени. Можеби најголемиот проблем во процесот на дигитализација е социјалниот. Има семејства во селските средини, кои не се во можност да си дозволат ТВ приемници од новата генерација или современи уреди, кои овозможуваат прием на ТВ сигналот.

„Урбаните делови полесно се дигитализираа, но терестијалниот пренос остана проблем, а тоа е најважен дел за оние коишто живеат во руралните предели, односно таму каде што е недостапно кабелското поврзување“, вели Зоран Стефановски, поранешен претседател на Советот за радиодифузија. Тој вели дека државата треба да обезбеди социјални пакети со кои сите семејства во селските средини, кои не се во можност да купат, ќе добијат уреди кои овозможуваат прием на дигитален ТВ сигнал.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG