Достапни линкови

Баросо: Најголемо достигнување на ЕУ е проширувањето


Баросо: најголемо достигнување на ЕУ, проширувањето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

Баросо: најголемо достигнување на ЕУ, проширувањето

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, по неговиот последен состанок со еврокомесарите, изјави дека сегашната украинска криза ја покажа исправноста на политиката на проширување на ЕУ.

Проблемите кои ги имавме со европската интеграција во иззминативе години не беа поради Бугарија и Романија. Овие две земји не ги испровоцираа проблемите со кои понекогаш се соочувавме, изјави претседателот на Европската комисија во заминување, Жозе Мануел Баросо, по неговиот последен состанок на таа функција на која ќе го замени Жан Клод Јункер.

Мислам дека едно од најголемите достигнувања во современата европска историја е проширувањето на Европската унија и оти беше исправна одлуката во 2004 година за тоа.
Жозе Мануел Баросо, претседател во заминување на Европската комисија.

Тој додаде дека проблемите по проширувањето на Европската унија биле од многу посложена природа.

„Затоа верувам дека беше од исклучителна важност да го направиме тоа проширување. Мислам дека едно од достигнувањата во изминативе години беше прецизно да се покаже дека е можно за Европската унија да работи со 28, а во иднината и со многу повеќе земји членки“, изјави Баросо кој потсетувајќи дека неговата Комисија беше прва Комисија на, како што рече, големата Европа со 28 членки додаде:

Замислете за минута овие земји да не и се приклучија на Европската унија тогаш. Во таков случај ние не би разговарале само за ситуацијата во Украина. Ние веројатно сега би дискутирале за Бугарија или за Балтичките држави.
Жозе Мануел Баросо, претседател во заминување на Европската комисија.

„Мислам дека едно од најголемите достигнувања во современата европска историја е проширувањето на Европската унија и оти беше исправна одлуката во 2004 година за тоа“, рече тој.

Според Баросо, сегашната криза во односите со Русија ја покажува важноста на таквата политика на Европската унија.

„Замислете за минута овие земји да не и се приклучија на Европската унија тогаш. Во таков случај ние не би разговарале само за ситуацијата во Украина. Ние веројатно сега би дискутирале за Бугарија или за Балтичките држави“, рече тој.

Жозе Мануел Баросо, одговорајќи на прашањето во врска со брзината на донесување одлуки во Брисел во споредба со она како тоа се прави во Москва, изјави дека Европската унија воопшто не го сака рускиот систем на донесување одлуки.

„Како што знаете, неодамна Русија не само што се спротивстави на украинското членство во НАТО, туку и на украинската спогодба за слободна трговија со Унијата. Поцентрализиран систем на решавање како во Русија, не значи дека таа е подоследна“, рече тој.

Притоа Баросо потсети дека рускиот претседател Валдимир Путин му изјавил дека нема никакви забелешки Украина да и се приклучи на Европската унија. Путин, како што додаде Баросо, имал извесни сомневања и се противел на украинското зачленување во НАТО.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG