Достапни линкови

САД и Русија за изборите во Украина


Пред изборите во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Пред изборите во Украина

САД најавија остра реакција на секакво мешање во украинските парламентарни избори што ќе се одржат в недела. Русија, пак, објави дека ќе ги признае резултатите.

Соединетите Држави побараа сите Украинци, вклучувајќи ги и оние во регионите што се под контрола на бунтовниците на истокот на Украина, но и во од Русија анектираниот Крим, да гласаат на претстојните парламентарни избори.

В недела луѓето во Украина ќе избираат нови нивни пратеници во парламентот. Ова е уште една пресвртница за Украина која ја демонстрира заложбата за зацврстување на демократскиот процес и покрај политичките проблеми во текот на изминатата година и големите безбедносни предизвици во некои делови на земјата.
Џен Псаки, портпаролка на американскиот Стејт департмент.

„В недела луѓето во Украина ќе избираат нови нивни пратеници во парламентот. Ова е уште една пресвртница за Украина која ја демонстрира заложбата за зацврстување на демократскиот процес и покрај политичките проблеми во текот на изминатата година и големите безбедносни предизвици во некои делови на земјата“, изјави портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки, додавајќи дека Соединетите држави остро ќе осудат секакво мешање во изборите.

Проруските сепаратисти во регионите на Доњецк и Луганск најавија дека ќе одржат одвоени избори во идниот месец.

Псаки изјави дека единствени легитимни избори во Украина се оние што ќе се одржат на 26 октомври, со втор круг на 7 ноември.

Во состојба на агресија од Русија, се соочуваме со уште еден предизвик да одржиме парламентарни избори.
Арсени Јацењук, премиер на Украина.

Таа додаде дека Вашингтон е подготвен да соработува со новиот украински парламент во борбата против корупцијата и за спроведување на неопходните реформи за натамошна демократизација на земјата.

Во истовреме, Сергеј Иванов, шеф на кабинетот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека Русија ќе ги признае резулатите.

Според него, Москва сака Украина да се врати во нормална состојба.

Како и да е, украинскиот премиер Арсени Јацењук предупреди дека Русија би можело да го наруши гласањето.

„Апсолутно е јасно дека Русија ќе ги продолжи напорите за дестабилизација на ситуацијата“, изјави тој на состанокот со силите кои ќе ги обезбедуваат изборите, додавајќи:

„Во состојба на агресија од Русија, се соочуваме со уште еден предизвик да одржиме парламентарни избори“, изјави Јацењук.

Министерот за одбрана Арсен Аваков изјави дека за време на изборите ќе бидат ангажирани 82 илјади полицајци и припадници на силите за брза реакција.

Предупредувањето од премиерот Јацењук дојде откако деновиве беа нападнати тројца кандидати за пратеници.

Последниот се случил кога еден член на неговата партија бил застрелан, но тој го преживеал нападот, бидејќи носел заштитен елек.

Изборите за парламентот, или Верховната рада, ќе се одржат во време на продолжување на борбите во источниот дел на земјата меѓу владините сили и проруските сепаратисти.

Анкетите покажуваат дека партијата на претседателот Петро Порошенко води со 30 проценти.

Тоа значи дека блокот на Порошенко ќе може да формира влада, но во коалиција со националистичките партии кои пак се противат на неговите мировни преговори со сепаратистите.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG