Достапни линкови

Ваши коментари - Нова стратегија на СДСМ и лекции од Берлин


Новата стратегија на СДСМ и заклучоците од Конференцијата за западен Балкан во Берлин се најкоментираните теми на нашата интернет страница изминатата недела.

Некој верува, некој не верува - дека стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата ќе даде конкретни резултати, прашање поставено во нашиот Хајд парк. Мирко од Велес, на пример, напишал: „Јака стратегија, под јорган планина. Мислам дека СДСМ сега разгледува стратегија за зимски распуст и новогодишни празници, зашто летото, еве, поминува“.

Многу повеќе коментари сте испратиле на нашата Фејсбук страница, почитувани, каде што Шенол Мемиш од Битола напишал само кратко: „Не ги бива“. Игор Игњатовиќ вели дека „пари имаат, ама на идеи е страшен хендикеп“, а Добре Митовски дека „имаат завеса пред очи“. Бедри Сејдиу смета дека немале да успеат „затоа што мнозината од нив поминаа во ВМРО“. Масовиќ Мухамед напишал дека СДСМ мора да оди од врата на врата зашто сите медиуми, освен 24Вести и Телма се под тотална контрола на власта. И Сашо Димитриески смета дека сите медиуми се во рацете на ВМРО. „Сите комунисти преминаа во ВМРО и сега владее едноумието“, напишал Сашо на Фејсбук страницата на Радио Слободна Европа на македонски. Ерџан Мустафов, пак, се чуди: „Ова ли е држава, без пари, само со кредити“.

Хајд Парк - Повеќето граѓани не се убедени дека стратегијата за вонинституционално дејствување на опозицијата ќе даде конкретни резултати. Кој е вашиот став? Погледнете го видеото и коментирајте тука.

Хајд Парк: Дали СДСМ може да успее со новата стратегија?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Нашата анализа под наслов „Лекција од Берлин за македонската влада“ за Пеонец од Скопје е „единствена по сеопфатноста, додека другите медиуми објавуваат штури информации“, напишал тој. Пеонец смета дека обврските наложени за Владата на Груевски едноставно нема да можат да се одбегнат, во спротивно, „тоа ќе значи политички пораз за власта“. Миле од Охрид, вообичаено, ги обвинува консултираните аналитичари Ружин и Димова, дека пораките од Берлин ги толкувале така за да создаделе лажна претстава кај македонските граѓани.

Сите комунисти преминаа во ВМРО и сега владее едноумието.
Коментар од читател.

Информацијата „Меркел со 4-годишен план за Балканот“ - како поле за искажување различни ставови, оние на Миле од Охрид и на Пиле. Миле смета дека пораката до, како што напишал, „одработувачите на туѓи агенди“ била дека тешко сме можеле да се ослободиме од оваа власт додека како алтернатива ни се нуделе оние кои се заканувале дека „ќе го укинат македонскиот народ“. Пиле, пак, напишал дека веднаш ќе се види „дали правилно се сфатени пораките од Конференцијата за некои поддржувачи на македонскиот Ал-Асад да се уверат дека ЕУ е уште посилна од кога и да е досега кога се работи за справување со усвитени глави на поединци во власта. Време е, вели на крајот Пиле.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG