Достапни линкови

Меѓународен суд за борба против корупцијата


Во премногу земји во светот корупцијата е ендемична во највисоките владини кругови. Деновиве се актуелизира идејата за формирање Меѓународен суд кој ќе се справува со, како што пред неколку години ја означи екс генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан, подмолната чума на современиот свет.

Корупцијата чини премногу и голта над пет отсто од глобалниот бруто домашен производ. Само во рускиот, според некои проценки, „сивата економија“ има удел од 44 насто.

Освен тоа корумпираните влади често им нудат рај на меѓународните криминалци, на пример на нарко кралеви во Мексико и на терористи во Авганистан и Јемен.

Сепак, најтешка последица од корупцијата е тоа што таа ја уништува демократијата и ги потиснува човековите права, двете работи за чија заштита всушост постојат владите.

Меѓународниот суд ќе покренува процеси за корупциски случаи во земји кои или не се способни или немаат желба да се справат со нив.

Во најкорумпираните земји како Сомалија, Авганистан, Судан, Сирија и Ирак, постојано се кршат основните права на нивните граѓани.

Примерите со Украина и Египет, пак, покажаа дека противењето на корупцијата може да дестабилизира многу земји, па и целиот свет.

Меѓународните напори во борбата против корупцијата очигледно не се соодветни.

Слични услови во врска со геноцидот и другите кршења на човековите права во 2002 година доведоа до формирање Меѓународен кривичен суд.

Сега стана неопходност да се формира и Меѓународен антикорупциски суд.

Во многу земји корупцијата е директно поврзана со културата на неказнување на оваа појава.

Затоа Меѓународниот суд ќе понуди алтернатива и ефикасен форум за спроведување на соодветните закони на секоја земја посебно, но и за почитување на обврските спрема Обединетите нации и Светската трговска организација во борбата против оваа појава.

Судот би функционирал врз комплементарност, односно ќе покренува процеси за корупциски случаи во земји кои или не се способни или немаат желба да се справат со нив.

Во Меѓународниот суд би биле вработени елитни финансиски стручњаци, истражители, обвинители и судии.

Пристапот би бил сличен на оној што сега функционира во Соединетите Држави каде што за големи корупциски случаи не решаваат локалните обвинители туку тоа е работа на федералните истражители и судови.

Конечно, Меѓународниот антикорупциски суд ќе обезбеди потенцијал за поефикасно казнување на корупираните функционери кои обично ја злоупотребуваат позицијата и ги кршат човековите права.

Измамата, митото и перењето пари полесно можат да се докажат со документи, отколку со сведочења на жртвите на злоупотребата кои нејчесто не ни знаат за што се можат кривично да одговараат нивните национални лидери.

Секако постојат многу практични пречки во етаблирањето на ваквиот суд, но статус квото е неподносливо.

Меѓународниот антикорупциски суд би можело да ја потисне широкопроширената неказнивост и да создаде услови за спроведување демократски избори на чесни функционери во земји со голема корупција и да ги охрабри сите кои, борејќи се против неа, се изложуваат на голема лична опасност.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG